[Литература] Кристијан Нешковиќ – IV година

Што ме движи кога сè стои?

 

Уште од почетокот на светот и нашиот живот човекот е единствено разумно суштество кое знае да чита, пишува и зборува. Но, од друга страна, од сите цицачи тој е единствена вертикала на земјата кој умее да разликува. И поради тоа секој од нас го движи некаква силна емоција низ сите добри и лоши моменти, без разлика дали е здрав или болен. Тоа се зборови кои што почесто ги среќаваме во секојдневниот живот, а понекогаш е потешко да се направи разлика што е здраво, а што болно, а што ненормално.

 

Сите сме успеале да пристигнеме во овааземна градина која се вика живот. Некои луѓе се раѓаат нормално, некои не толку нормално, меѓутоа и покрај сето тоа сите сме еднакви, само што кај некои луѓе тоа се гледа, бидејќи така се родени, кај некои се крие, а кај некои не се ни гледа. Меѓутоа, сите на некој начин сме инвалиди. Иако сите сме исти, само што имаме различен карактер и различни мани и, поради тоа никој не е совршен. Вистина е дека секој го штити своето потекло, знаме, јазик, но зошто и да не ги споделиме? Во нашата држава освен македонскиот јазик преовладува и албанскиот, српскиот и ромскиот јазик, но сите сме луѓе нели? Сите ние живееме тука под исто сонце и ги имаме истите услови, поради тоа што ја гледаме нашата идина во оваа држава. Бидејќи ние може да споделиме сè, и да се зближиме без разлика кој јазик го зборуваме единствено ако имаме љубов, толеранција, почит, другарство, верба кон останатите. Јас завршив во мултиетничко основно училиште каде наставта се одвиваше на српски и македонски јазик, односно јас ги учев и двата јазика и македонскиот и српскиот јазик. Потоа средно учам исто така во мултиетничко училиште каде се одвива наставата на два јазика: македонски и албански јазик. Исто така, јас се чувствувам богат во мојата душа бидејќи имам многу пријатели од разнлични култури затоа што човек не го сочинуваат само парите и богатството, туку него го сочнуваат: здравјето, љубовта, семејството, пријателите и културата. Затоа јас избрав нешто многу поубаво и поблагородно, а тоа е љубовта. Таа мене ме движи да ги сакам сите околку мене, без разлика дали ми се се пријалтели, или пак, непријатели. Така што, колку повеќе ширите љубов и пријателство толку тие ви се возвраќаат повеќе за да бидете позитивна личност и да ги оставите вашите негативни и лоши работи зад себе. Тоа е исто како да читате роман за да продолжите со читање вие вртите нова страница, па така и јас во мојот роман наречен живот свртев една страница која се состои од безброј убави моменти исполенти со љубов. Од друга страна, секогаш треба да се бориме за нашата цел. Кога ја остваруваме таа цел ќе се најде некој кој ќе сака да ни ја попречи или уништи. И затоа никогаш не треба да се откажеме од нашите соништа и цели. Замислентото може да постане реалност единствено ако има дејствија, и колку повеќе дејствија, толку и понлиску ќе бидете до посакуваното. Кога посакуваноото, е попосакувано, толку и желбата кај нас ќе биде поголема за да се успее. Желбите никогаш немаат крај и затоа треба да бидеме умерени во нашите желби. Но, немојте никогаш да дозволите друг да ви ги одредува вашите желби, немојте да дозволите друг да ги живее вашите желби, немојте да дозволите никогаш никој да си игра со вашиот живот и љубов, бидејќи живеете за себе и за оние кои заслужуваат да бидат дел од вашиот свет. И токму поради ова јас се што посигнав во мојот досегашен развој го постигнав со желба за успех, голем труд и голема љубов.Но, исто така се подтрудив на моите сакани да им кажам дека ги сакам денес, бидејќи кој знае живот можеби нема да ни даде втора шанса, затоа што е непредливив и може да ни остави голема трага врз нашиот развој, па потоа целиот наш живот да се каеме зошто на некој, или некоја љубена личност не сме и кажале дека ја сакаме, или пак да ја прегрнеме додека сме можеле. Единственото нешто што не спојува или пак, разделува од нашата љубов, се нашите чекори. Еден чекор можеби за некого е ништо, но вскушност тој чекор ни ја одредува нашата судбина и иднина. Никој не рекол дека е лесно да се внимава или тешко, но секој подвиг што го правиме е позарличен од претходниот. Не секој успева да достигне до вистинската љубов, бидејќи таа неможе да се купи или присвои. Таа треба да се открие почувствува и заржи Невидлива, а присутна во нашите души и тела. Поради нејзе живееме и им оставаме на нашите деца некој подарок .Затоа оставете им на вашите потомци нешто повредно од парите, оставате им ја најважната движечка сила во животот, таа сила е љубовта, затоа ако не се сакате самите, нема да ги сакате ниту останите. Колку повеќе се сакате, толку повеќе чувствувате поголема слобода да бидете она што сте. Што повеќе сте она, што сте, на луѓето им е полесно да ве ценат вистинските вас, а не маската која им ја испраќате. Што повеќе ве сакаат и почитуваат повеќе се сакате себе си. Тоа е круг на голема љубов и искрено изразување. Кога не се сакате, кругот се движи во споротивен правец.

 

Денес паметните луѓе учат како да бидат големи, големи во нивните дела кон останатите луѓе. Затоа секогаш треба да знаеме да ја разбереме останатата личност и никогаш да не и се потсмеваме. Сите сме исти, но сме различни во се. Затоа секогаш треба да бидеме добри луѓе, безразлика колку и да е светот лош. Се раѓаме на овој свет и не донесуваме ништо, умираме и не носиме ништо со нас. Така што, секој од нас или ќе се срами, или ќе се радува со своите дела. Затоа треба да внимаваме како се однесуваме. Заради тоа што, понекогаш мислите стануваат зборови, зборовите дела, а делата наша судбина.

 

+65