[Литература] Аника Панова – I година
Што ме движи кога сѐ стои
Која си ти волшебничке?
И немир во душата,
и трепет во срцето
ти ми донесе.
Светлина во темната ноќ,
тоа си ти,
бела јадачке на темните мисли.
Љубов си ти.
И болка си,
и копнеж си,
и неспокој во ноќите спокојни…
Љубов тоа си ти.
Немам крилја, а летам
молчам, а гласот свој го слушам
љубов е тоа- вели.
Невидлива си, а патоказ мој си ти,
нема си, а чекори напред ми велиш,
глува- копнежот мој го слушаш,
Што си ти?
Знам, ЉУБОВ се викаш ти.
+103