[Литература] Андреј Деспотовски – VIII одд

Што ме движи кога се стои? 

 

 

Во ова тешко време 

кога дни броиме,

треба да најдеме нешто 

што не движи и кога стоиме. 

 

Мене ме движи семејството 

мило и најубаво како цвет. 

Кога сме заедно сите, 

јас сум птица во лет 

и најсреќното дете  

на целиот свет. 

 

Со семејството мое, 

надвор сакам да седам, 

да  ме милува нежно  ветрот 

и во синото небо да гледам. 

 

Со семејството заедно, 

ноќе ѕвезди да бројам 

за убави желби на сите.

Среќа, љубов и мир

да има на цела земјена шир.

Ете, тоа ме движи  кога стојам. 

 

 

 

+34