Соларна патека – Награден проект од Фонд за иновации и технолошки развој

Проектот „Велосипедска патека со контролирано осветлување“, беше награден проект на конкурсот „Предизвик за млади 2“, распишан од Фонд за иновации и технолошки развој. Во текот на изминатата година, учениците Бисера Јаневска, Изабела Стоноевска, Ана-Марија Пејчиновска и Андреј Петров, работеа на негова реализација заедно со менторите Оливер Зајков и Павлина Бучевска. Патеката е изградена од соларни панели кои гледаат на југ, преку кои со помош на сончевата енергија вечерно време светат улични светилки. Светилките се палат со детектирање на движење и со тоа се штеди на енергија. Патеката е поставена во Градскиот парк во центарот на Скопје во близина на Луна парк. Учениците одлучија дека оваа локација е погодна за поставување на патека бидејќи е фреквентна, но досега беше неосветлена.

Изразуваме благодарност до Фонд за иновации и технолошки развој за можноста и поддршката во развојот на оваа идеја, како и компанијата ARESE Solutions за соларни (Фотоволтаични) базирани енергетски решенија.

Гимназија Алгоритам и оваа година учествуваше на конкурсот за млади истражувачи со проектот „Ќесички за затоплување“. Истиот беше нагреден на ден 12.6.2020. Станува збор за ќесички кои при триење создаваат егзотермна реакција и ги топлат рацете.

0