Награден проект од ФИТР

Оваа година на конкурсот „Предизвик за млади 3“, учениците Бисера Јаневска, Тијана Огњановска, Јована Петровска и Ангела Јакимовска, конкурираа со идејата „Ќесички за затоплување“. Истиот проект беше награден на 12.6.2020 година.

Со тоа, тие се стекнаа со можност заедно со менторите Нена Милковски и Павлина Бучевска, да експериментираат со егзотермни реакции и да произведат корисен продукт за сите во наредната учебна година, т.е. ќесички за затоплување на раце.

Имено, Гимназија Алгоритам втор пат учествува на овој повик и втор пат го завршува финалето со награден проект.

Им благодариме на Фонд за иновации на одлично организираниот натпревар и можноста учениците да се докажуваат преку креативни идеи и да учат преку развивање и усовршување на истите.

Презентација во финалето

0