Денес училницата ја заменивме со природата. 🧭🌿
Преку практична теренска настава учевме како да се ориентираме во просторот со помош на Сонцето, страните на светот, компасот и знаците околу нас.
Затоа што не секоја лекција се учи од учебник — некои најдобро се паметат кога ќе се доживеат. ☀️🗺️
#гимназијаалгоритам #теренсканастава #училницабезѕидови #учењепрекуискуство
Од Скопје до Њујорк. 🎹✨
Нашата ученичка од втора година, Лана Алексоска, освои прва награда на International Youth Music Competitions и настапи на гала-концерт во Центарот за класична музика „ДиМена“ во Њујорк.
На сцената ја изведе „Пасакалија во Ц-мол“ од Георг Фридрих Хендл, како една од избраните млади музичарки од повеќе земји.
Честитки, Лана! Горди сме што твојот талент, труд и посветеност те носат на светските сцени. 💙
#гимназијаалгоритам #ЛанаАлексоска #ученичкиуспеси #пијано #internationalyouthmusiccompetitions
Еден поинаков училиштен ден со учениците од трета година. ☀️
Прошетка, дружење и време за разговор надвор од училницата – затоа што и ваквите моменти се важен дел од средношколските денови. 💙
#гимназијаалгоритам #третагодина #училишнимоменти #заедно
Уметноста, историјата и иднината споени во едно! 🇲🇰✨
По повод големиот јубилеј - 35 години од независноста на нашата земја, учениците од прва и втора година по предметот Ликовно образование добија фасцинантен предизвик. Нивната задача беше да влезат во улога на арт-директори и да дизајнираат амбалажа за чоколадо и безалкохолно пиво. 🍫🍺
Инспирацијата? Моќниот ликовен правец кубизам, историскиот 8-ми Септември и ликот на нашиот прв претседател, Киро Глигоров.
Но, овој пат процесот беше малку поинаков. Нашите ученици ги преточија своите креативни визии, концепти и насоки во реалност со помош на вештачка интелигенција (ChatGPT / DALL-E). Тие покажаа дека технологијата е само алатка, а човечката идеја и познавањето на уметноста се вистинската движечка сила! 🤖🎨
Погледнете ги овие уникатни, лимитирани кубистички дизајни со кои ја славиме нашата историја и креативноста на младите уметници. Кој дизајн ви е омилен? Напишете ни во коментар! 👇
Го пронајдовме алгоритмот за учење англиски јазик! Време е да започнеме да го учиме англискиот јазик на забавен и практичен начин. Наместо учење зборови и граматика напамет, кај нас го усвојуваме јазикот низ теми во кои веќе уживаме како 🔬 природни науки 💻 програмирање 📐 математика Секој час децата изведуваат
За некого денес беше враќање во познатите училници, а за некого – прв чекор во сосема ново училиште. 📚
На учениците кои годинава првпат стануваат дел од Алгоритам им посакуваме топло добредојде, а на сите останати – добро ни се вративте!
Пред нас е нова учебна година исполнета со знаење, идеи, пријателства и приказни што допрва ќе ги создаваме заедно.
Среќен почеток! 💙
#гимназијаалгоритам #новаучебнагодина #добредојдовте #првучилиштенден
Уште 4 дена до почетокот! ⏳
Новата учебна година носи нови знаења, идеи, пријателства и многу моменти што ќе ги создадеме заедно.
А што вам најмногу ви недостигаше од училиштето? 👇
Се гледаме на 1 септември! 💙
#гимназијаалгоритам #уште4дена #новаучебнагодина #backtoschool
Одбројувањето започнува! ⏳
Уште 5 дена до нов почеток, нови предизвици и уште многу моменти што ќе ги создадеме заедно.
Ние сме подготвени за новата учебна година. А вие? 💙
Се гледаме на 1 септември!
#гимназијаалгоритам #уште5дена #новаучебнагодина #BackToSchool
Во 2017 година Борнео Седеу Нишевиќ го заврши своето средно образование во Алгоритам, веќе со камера во рака и со големи планови. Денес се враќа на Jacksonville University во сосема нова улога – како adjunct professor, односно надворешен предавач по предметот Screenwriting (Сценарио). 🎬 Од снимањето кратки филмови во средношколските
ТИ БИРАШ – КАДЕ ПАТУВАМЕ? ✈️🌍
Која дестинација ја избираш за следната училишна екскурзија?
01 🇮🇹 ИТАЛИЈА
02 🇫🇷 ФРАНЦИЈА
03 🇪🇸 ШПАНИЈА
Напиши го бројот на твојата омилена дестинација во коментар. 👇
Гласањето започнува сега — секој глас се брои! 🔥
#ГимназијаАлгоритам #ТиБираш #УчилишнаЕкскурзија #AlgoritamOnTour

