Врз основа на член 33 од Статутот на Приватното Средно Училиште „Алгоритам Центар“, Наставничкиот совет на ПСУ „Алгоритам Центар“ распишува
КОНКУРС
за упис на ученици од 9. одделение
во прва година гимназиско образование
учебна 2027/2028 година
ПСУ „Алгоритам Центар“ објавува КОНКУРС за запишување ученици од 9-то одделение во прва година во учебната 2027/2028 година за гимназиско образование.
УСЛОВИ:
Учениците за да се стекнат со статус на редовен ученик во ПСУ „Алгоритам Центар“ треба да пополнат и испратат апликација за упис на: info@algoritam.mk како и да достават оригинални свидетелства од претходните учебни години.
Потребни документи и начин на пријавување за ученици во прва година:
- Пополнета пријава (апликација) за упис, достапна во продолжение
- Свидетелства за завршено шесто, седмо и осмо одделение (дополнително ќе се достави и свидетелството за завршено деветто одделение) и
- Фотокопија од извод од Матична книга на родени.
Документите се доставуваат во тврда копија во просториите на училиштето или скенирани по електронски пат. По извршената селекција, идните ученици ќе биде потребно да ги достават оригиналите на документите.
Рок за пријавување 11 ноември 2026год
Поволности:
– надоместок за школарина со попуст од 20%, за плаќање веднаш;
– надоместок за школарина во висина од 185.000,00 денари, за плаќање на 10 месечни рати.
Контакт информации:
e-mail: info@algoritam.mk
Телефон: +389 2 3 116 750
Адреса: ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје
Контакт лице:
М-р Марина Божинова, директор на ПСУ „Алгоритам Центар“
