НАГРАДЕН КРЕАТИВЕН КОНКУРС

#SupportLocalArtist

Europe House и Гимназија Алгоритам организираат креативен награден конкурс за ученици од основните и средните училишта во нашата земја по повод месец април – Месец на локални артисти.

Целиот проект е поддржан од Делегација на Европска Унија.

Учесниците ќе се натпреваруваат во три категории: видео, фотографија и илустрација.

Europe House и Гимназија Алгоритам

распишуваат

НАГРАДЕН КОНКУРС

за изработка на креативно дело во следните области:

  • Филм на тема „Баба и дедо – инфлуенсери“ или на тема „Твојот избор е: пријател, робот или миленик?“
  • Фотографија на тема „Историјата на моето маало“
  • Дигитална илустрација на тема „Подари љубов, подари добрина“

Правила за пријавување:

  1. Право на учество имаат ученици од основните и средните училишта во Република Северна Македонија и тоа:
  • Ученици од VI до IX одделение
  • Ученици од I и II година средно образование

2. Крeaтивното дело треба да биде одраз на европските вредности: инклузија, толеранција, правда, солидарност и недискриминација. Европските вредности ги заштитуваат човечкото достоинство, демократијата, еднаквоста, правдата и човечките права.

3. Изработеното дело може да има еден (1) автор;

4. Секој автор може да учествува во една или повеќе области со по едно (1) дело.

5. Делатa треба  да  бидат  оригинални, да  не  ги  прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција.

ФИЛМ

  1. Филмовите можат да бидат снимени со видеокамера, мобилен телефон или фотоапарат;
  2. Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.
  3. Филмовите треба да бидат прикачени на платформата YouTube. До нас само го доставувате линкот во Word документ.

ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА

  1. Дигиталната илустрација може да биде изработена во која било апликација за дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација).
  2. Делото може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст.
  3. Треба да се наведе во која програма е направена илустрацијата, да се испрати крајната верзија во PDF формат и работниот документ ( формат .psd, .ai итн.)

ФОТОГРАФИЈА

  1. Фотографијата може да биде снимена со телефон или фотоапарат.
  2. Фотографијата може да биде дополнително уредувана во некоја апликација за уредување на фотографии.
  3. Со фотографијата треба да се достави и краток опис во Word документ од 30 до 150 зборови.

Краен рок:

21 мај 2023

Точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен. Доделувањето на наградите ќе се одржи во просториите на „Europe House“, Скопје.

Изработеното дело да се достави на следната форма https://forms.gle/aj7vkdfZG6WdaCB3A  во која треба да ги внесете и следните податоци:

  • Наслов на делото
  • Име и презиме на авторот
  • Адреса
  • Контакт телефонски број
  • Училиште
  • Возраст/одделение
  • Име и презиме на менторот
  • Контакт од менторот

При аплицирање за конкурсот во формата треба да сте најавени со gmail кориснички профил.

Директор на Гимназија Алгоритам:

Марина Божинова

Број за контакт:  075/330-531

marina@algoritam.mk

 

Одговорен професор:

Павлина Бучевска

Број за контакт:  076/339-428

pavlina@algoritam.mk