Развојна концепција на училиштето
- Средното образование кое имаме намера да го овозможиме кореспондира со актуелните процеси на европска интеграција и глобализација, со современиот општествен контекст на информатичко-комуникациски технологии (ICT) и сообразување на образованието со потребите на пазарот на труд.
Современата организација на наставата во светот опфаќа неколку клучни точки: - Индивидуализација на наставата со што се овозможува прилагодување на наставниот приод на интересите и способностите на учениците, и со тоа, нивна подготовка за натамошен индивидуален развој. Начини на реализација: изборност на наставата, флексибилни наставни програми, наставни техники прилагодени на различните стилови на мислење на учениците, како и можност за забрзано напредување на надарените ученици.
- Инклузивно образование, кое во процесите на градење и практикување политики на институцијата, ќе ги вклучува
Тимот кој мисли на вашата иднина гимназија Алгоритам
корисниците, имено учениците и родителите.
Отвореност кон претставниците на институции, организации и поединци кои застапуваат интереси на заедници и општствени групи. - Соработка и зајакнување на врските помеѓу училиштето и пазарот на трудот, како и градење на духот на претприемаништво.
- Примена на воспоставени системи на интерактивна настава, која промовира постојана активност и креативност на учениците, како и методи на оценување на нивниот успех кои подразбираат степен на учество на учениците (самоевалуација).
- Надворешна евалуација и самоевалуација на успешноста на работењето на училиштето (во што влегува и евалуацијата, во стандардизирана форма, на успешноста на наставниците која ќе се фокусира на нивниот проактивен однос во поттикнувањето на развојот на компетенциите на ученикот и отворениот, демократичен однос на почитување кон него).
Наставни Планови и Програми на Училиштето
Наставните планови и програми на училиштето се во функција на образување квалитетни и креативни кадри. Во оваа смисла, во првите две години сите ученици ќе следат настава по исти наставни планови и програми со мала изборност во II година, а почнувајќи од трета година учениците ќе имаат можност да се насочат кон повеќе насоки.
Ваквиот приод им овозможува на учениците соодветна подготвеност за комплетен избор на сопствената професионална насоченост.
Наставните програми ќе се остваруваат преку форми и методи кои ќе овозможуваат активно следење на наставно-образовниот процес: предавања, вежби, индивидуална работа на учениците, менторска работа, проектни активности и други облици на настава. Во реализацијата на наставните програми особено ќе се настојува да се афирмира активната улога на ученикот, чие присуство и влијание ќе биде изразено низ целиот образовен процес.
Во наставните програми особено внимание ќе му биде посветено на европскиот кредитен трансфер систем (ЕКТС) кој треба да овозможи непречена проодност и мобилност на учениците.
Наставните планови и програми на приватното средно училиште АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР се во согласност со Законот за средно образование, како и во согласност со Националната програма за развој на образованието на Република Македонија 2005-2015 година и Програмата за развој на средното образование. Во согласност со европските и светските трендови за трансформација и реформи на средното образование, особено во поглед на двата клучни сегменти на овој образовен подсистем, структурата и организацијата на наставата, приватното средно училиште АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР има за цел да воведе наставни програми за:
- повеќејазичнo образование;
- поголемо учество на учениците, родителите и другите заинтересирани субјекти во планирањето и
- програмирањето на образовниот процес;
- евалуација и самоевалуација на учениците;
- евалуација на наставниците и образовниот процес;
- препознатливост, проодност и транспаранентост на стекнатото образование во земјата и странство;
- создавање широки можности за влез во високото образование;
- создавање широки можности за развој на способностите, потенцијалот, талентот, афинитетите и личниот развој;
- обезбедување основа за доживотно образование.