Едукативниот Центар АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР организира подготвителна настава по математика за подготовка на идните студенти за факултети каде што се изучува математиката.
Подготвителната настава се организира со цел да им се помогне на новите студенти полесно да ја следат наставата по предметите Математика, Калкулус, Дискретна Математика и други предмети кои имаат потреба од базичните знаења од математика.
Подготвителната настава претставува одлична можност новите студенти да ги освежат и надополнат своите знаења по математика, со што ќе се стекнат со потребните предзнаења кои се неопходни за совладување на предметите кои бараат солидна основа од математика и со тоа полесно би се вклопиле во академскиот образовен процес.
Овој курс е истотака многу корисен и за студентите кои ќе студираат на Универзити во странство, како на техничките факултети така и на факултетите од областа на Економија и Финансии, кои според нашето искуство имаат доста предмети во текот на студирањето кај кои е неопходно солидно математичко предзнаење.
Подготвителната настава ќе се реализира во мали групи со најмногу 10 студенти. Часовите ќе се држат во просториите на Едукативниот Центар АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР во Скопје, а за студентите кои не се во можност да посетуваат настава со физичко присуство, има можност часовите да се одржуваат и онлајн.
- Времетраење на курсот:
10 часа по 45 минути
Цена на курсот:
|
Број на часови | Цена |
Индивидуални |
10 |
5000 ден. |
Групни | 10 |
4000 ден. |
Локација за изведување на наставата:
Едукативен Центар АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР, БЦ Палома Бјанка 6. кат, Скопје
(за студентите кои не се во можност да посетуваат настава со физичко присуство, има можност часовите да се одржуваат и онлајн.)
Лице за контакт:
Проф. Горан Михајлоски
Начин на пријавување:
e-mail: goranmihajloski@algoritam.mk телефон: +38923116750 , +38971263330
Рок за пријавување:
06.09.2024
Почеток на курсот:
09.09.2024
Податоци за уплата:
Име на примач: Едукативен Центар АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР
Банка на примач: Комерцијална банка
Цел на дознака: Математика за факултет
Жиро-сметка: 300000001009418