По препорака на Владата и поради преземените мерки за заштита од коронавирусот, Гимназија Алгоритам во наредниот период ќе ја одржува наставата ONLINE. Преку платформата за лекции базирана на MOODLE, courses.algoritam.mk, како и виртуелни училници, ќе продолжи наставата да се одвива непречено, како и подготовката на учениците за државната матура.