До
Министерството за образование и наука
Со оглед на новонастанатата ситуација со COVID-19 (коронавирус) и мерките од страна на Владата на Р. Северна Македонија за прекин на наставата во сите основни и средни училишта, наставничкиот советот на ПСУ „Алгоритам“ на вонредниот состанок одржан на ден 19.03.2020 година донесе Одлука за помош и поддршка на средните училишта. Помошта и поддршката која ја нудиме како прва дигитална гимназија во нашата земја, е насочена кон споделување на дигитален материјал, со којшто располага секој предметен професор во нашата гимназија со професорите од другите средни училишта во Р. Северна Македонија. Имено, за полесно и поефикасно одвивање на online наставата, ние од ПСУ „Алгоритам“ ги нудиме дигиталните материјали согласно наставните програми на МОН како и лектирни аудио и електронски изданија за второто полугодие од учебната 2019/2020 година за наставните предмети.