РАЗМЕНА, СОРАБОТКА И НОВИ ИСКУСТВА

RYCO Superschools е регионална програма за размена на средни училишта во Западен Балкан, чија цел е да ги поттикне меѓукултурниот дијалог, соработката и градењето пријателства помеѓу младите од регионот. Програмата е дел од проектот „Western Balkans School Exchange Scheme“, кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), а имплементиран од GIZ и Regional Youth Cooperation Office (RYCO).

ПСУ Алгоритам Центар активно учествува во RYCO Superschools програмата преку ученички размени и партнерства со училишта од регионот, овозможувајќи им на учениците да стекнат нови искуства, да развиваат интеркултурни компетенции и да создаваат пријателства надвор од границите на својата држава.

Во рамки на програмата, ПСУ Алгоритам Центар успешно реализираше проекти во соработка со Gimnazija Smart од Нови Сад, Република Србија, како и со Third Millennium School од Косово преку проектот „HeatHackers“. Учениците учествуваа во едукативни работилници, културни посети, активности за тимска работа, coding работилници и проекти поврзани со климатските промени, технологијата и младинскиот активизам.

Преку своето учество во RYCO Superschools, ПСУ Алгоритам Центар продолжува да ги поттикнува младите да размислуваат глобално, да соработуваат регионално и активно да придонесуваат кон создавање на поинклузивно и поврзано општество.

Official Links