Биди креативен. Освоj лаптоп.
Europe House и Гимназија Алгоритам за првпат организираат креативен конкурс за сите ученици од основните и средните училишта во нашата земја.
Целиот проект е поддржан од Делегација на Европска Унија.
На конкурсот ќе се доделуваат вредни награди, меѓу кои и лаптоп за првото место. Темата на конкурсот е „Што ме движи кога сè стои?“. Учесниците ќе се натпреваруваат во три категории според возраста.
Europe House и Гимназија Алгоритам
распишуваат
НАГРАДЕН КОНКУРС
за изработка на креативно дело во следните области:
- Филм
- Литература
- Дигитална илустрација
Правила за пријавување:
- Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта во Република Северна Македонија и тоа во три категории:
- Ученици од I до V одделение
- Ученици од VI до IX одделение
- Ученици од I до IV година
- Темата на конкурсот е „Што ме движи кога сè стои?“;
Крeaтивното дело треба да биде одраз на европските вредности: инклузија, толеранција, правда, солидарност и недискриминација. Европските вредности ги заштитуваат човечкото достоинство, демократијата, еднаквоста, правдата и човечките права.
- Изработеното дело може да има еден (1) автор;
- Секој автор може да учествува во една или повеќе области со по едно (1) дело.
- Делатa треба да бидат оригинални, да не ги прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција;
ФИЛМ
- Филмовите можат да бидат снимени со видеокамера, мобилен телефон или фотоапарат;
- Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.
- Филмовите треба да бидат прикачени на платформата YouTube. До нас само го доставувате линкот.
ЛИТЕРАТУРА
- Поетската творба треба да содржи најмалку 16, а најмногу 30 стиха; да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
- Есејот треба да содржи најмалку 2 а најмногу 4 страници; да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА
- Дигиталната илустрација може да биде изработена во која било апликација за дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација).
- Делото може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст.
- Треба да се наведе во која програма е направена илустрацијата, да се испрати крајната верзија во PDF формат и работниот документ ( формат .psd, .ai итн.)
Краен рок:
25 април 2021
По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела од секоја категорија според возраста ќе бидат наградени од жири-комисија со лаптопи и други награди. Членови на стручното жири ќе бидат претставници од Europe House, Скопје, како и професори од Гимназија Алгоритам.
Селектираните дела ќе бидат јавно објавени и секој од нив ќе има можност да се натпреварува за посебната награда од публика.
Точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.
Изработеното дело да се достави на меил адресата konkurs@algoritam.mk , заедно со следните податоци:
- Наслов на делото
- Име и презиме на авторот
- Адреса
- Контакт телефонски број
- Училиште
- Возраст/одделение
- Име и презиме на менторот
- Контакт од менторот
Директор на Гимназија Алгоритам:
Марина Божинова
Број за контакт: 075/330-531
Одговорен професор:
Павлина Бучевска
Број за контакт: 076/339-428
За дополнителни известување, меѓу кои и гласањето од публика следете ја Facebook страницата Gimnazija Algoritam, како и Instagram профилот gimnazijaalgoritam.