Гимназија Алгоритам распишува конкурс за најкреативна поетска творба
Право на учество имаат учениците од основните училишта во Република Македонија.
Правила за пријавување:
- Право на учество имаат сите ученици од 8. и 9. одделение;
- Темата е „УЧАМ ЗА ДА ЗНАМ“;
- Изработеното дело треба да има еден (1) автор;
- Изработеното дело треба да биде оригинално, да не ги прекршува начелата на авторската сопственост и да не повикува на насилство и нетолеранција;
- Во песната треба да е изјаснето лично и критичко мислење на ученикот. Не е дозволено песната претходно да е објавувана на други места односно треба да е наменета само за потребите на овој конкурс.
КРАЕН РОК:
10 февруари 2020 година
Изработеното дело се доставува електронски на следниот email: info@algoritam.mk
заедно со следните податоци:
- име и презиме на ученикот,
- email адреса,
- адреса на живеење,
- контакт телефонски број од родител,
- училиште,
- возраст/одделение
- име и презиме и email адреса на менторот.
Со назнака: КОНКУРС ЗА НАЈКРЕАТИВНА ПОЕТСКА ТВОРБА
Песната треба да содржи најмалку 16 а најмногу 30 стихови; да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци.
По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите песни ќе бидат наградени, а пофалниците и наградите за учениците и менторите свечено доделени во просториите на Гимназијата „Алгоритам“.
За дополнителни информации, ве молиме да нè контактирате.
Контакт за дополнителни информации:
проф. Ана Пејовска
тел: (02) 3116-750 / 078-327-191
e-mail: info@algoritam.mk