Историја

Драмската секција на Алгоритам го прославува својот 10ти јубилеј. Стотина ученици, десет премиери од хуманитарен карактер, задоволна публика, смеа, солзи, возбуда…се дел од создавањето на оваа волшебна приказна. Иако започна со краток настап за денот на училиштето, прерасна во своевидна самостојна институција во која учениците со часови вежбаат, креираат и создаваат професионални театарски претстави. Под менторство на маестралниот професорот и педагог Горан Станикевски-Горјански, учениците имаат можност да бидат сценаристи, режисери, актери, кореографи, музичари и да направат изведби кои никого не оставиле рамнодушен. Дел од нив својата професионална кариера веќе ја продолжија на штиците што живот значат. Како истакнати членови на драмската секција би го спомнале Александар Ристоски кој како дипломиран актер има земено улога во повеќе филмови и претстави, а освоено и награда во Италија. Борнео Нишевиќ моментално студира режија во Флорида и е прогласен за најдобар студент.

Во продолжение може да го погледнете документарецот кој беше снимен со поранешни и сегашни членови на секцијата, како и видео снимки од досегашните реализирани проекти во рамки на настанот Гимназијада во Салон 19:19 и во Драмскиот театар, Скопје.

Нашата волшебна приказна

Емигрант (2019)

Run Lenche Run (2014)

Сомнително лице (2011)

Грев или Шприцер

Галерија 2010/2020