
Зорица Узуновска
Зорица Узуновска родена е на 26.12.1969 година во Скопје. Завршила Правен факултет – Јустинијан Први – Св. Кирил и Методи – правосудна насока и има положено правосуден и нотарски испит. Постојан судки преведувач за Англиски јазик при Основен суд Скопје 1 во Скопје.
Во периодот од 1999 до 2001 година е генерален секретар на Адвокатската комора на Република Македонија, а од 2001 до 2008 година работи како адвокат и застапува судски предмети во областа на граѓанско и стопанско право, процесуирање и проучување на предмети.
Од 2009 до 2017 година работи како нотар во Куманово и врши активности како што се: изготвување нотарски акти, солемнизации, изјави, полномошна, платни налози и друго.
Интернационални публикации, презентации и проекти:
▪ Пример на публикација: Акционен план за развој на АКРМ
▪ Развој на комората (АКРМ), Аризона, САД преку УСАИД и АБА/ЦЕЕЛИ
▪ Пример на проект: Трговски друштва
▪ Постојана задолжителна правна едукација со многубројни семинари
Посебни обуки и сертификати:
Аризона САД и.т.н.Медијатор во 2007 година (Certificate issued by IFC -international Finance Corporation Group-World Bank Group, Director of the Centre of Conflictresolution, Nicolette Bremerkamp.
Проекти во образование:
Учесник во проектот: Креирање на едноставни дигитални содржини за примена во наставата;
Учесник во проектот : Современи и креативни методи и техники на учење;
Активен учесник во тековните развојни програми за современи и кративни методи за учење, техники на учење и менаџмент во училница, демократизација на наставниот процес: пат кон креативно и ефективно учење;
Изготвувач на целокупните наставни содржини по предметот Вовед во правото за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија ,,Алгоритам’’.
Од октомври 2018 година е професор по Вовед во право во ПСУ „Алгоритам“ во Скопје.