
Ивана Стојановска
Ивана Стојановска е родена на 17.01.1995 год. во Куманово .
Основното образование го завршува во ООУ ,, Христијан Карпош “ – Куманово, а матурира во 2014 год. во ОСТУ ,,Наце Буѓони”- медицински смер – Куманово.
Високото образование го завршува на Филозофски факултет ,, Св.Кирил и Методиј “ на институтот по Филозофија. Дипломира во 2019 година со дипломскиот труд на тема ,, Феминистичка етика на грижа во социјалната работа “ стекнувајќи се со звање дипломиран професор по Филозофија ( со просек 9,03 со 240 ЕКТС кредити ).
Од септември 2020 година е дел од тимот на Гимназија Алгоритам.
Како професор по Филозофија има за цел со изучување на предметот Филозофија учениците да ги воведе во :
– запознавање со основниот филозофски систем како и со основните филозофски прашања/проблеми и нивни можни решенија
– изучување на историјата на филозофските идеи
– запознавање со различните филозофски дисциплини
– развивање на аналитичко- синтетичко размислување за метафизички, етички и антрополошки проблеми
– запознавање со различни пристапи кон човекот,разгледување на вредносните системи и позицијата на човекот во современиот свет
Изготвувач на целокупните наставни содржини по филозофија за гимназиско образование во дигитална форма за интерна употреба во Гимназија „Алгоритам“;
Учесник во проектот: „Современи и креативни методи и техники на учење“.